Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај, е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

На седницата одржана на 03.04.2018 година Владата на Република Македонија го прогласи Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај, за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Својството споменик на културата на Манастирот Св.Андреја – Матка, општина Сарај е утврдено со Решение бр.27/49 од 22.02.1968 година, на Заводот за заштита … Прочитај повеќе

Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на меѓународната конференција ,,Културното наследство: За поодржлива Европа“ во Пловдив, Бугарија, во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

На 26 и 27 март 2018г., делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на меѓународната конференција ,,Културното наследство: За поодржлива Европа“ која се одржа во Пловдив, Бугарија,  во рамките на бугарското претседателствување со Советот на Европската Унијa, а во рамките на Европската година на културното наследство 2018. На … Прочитај повеќе

Одржани креативни работилници ,,Мартинките во Република Македонија – Традицијата во рацете на најмладите“ во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

На 12.03.2018г. во НУУБ ,,Св.Климент Охридски“ во Битола и на 14.03.2018г. во ЈУОДГ ,,Мајски цвет“ во Скопје, се одржаа креативни работилници ,,Мартинките во Република Македонија – Традицијата во рацете на најмладите“, во организација на Управата за заштита на културното наследство, а во рамките на Европската година на културното наследство 2018. … Прочитај повеќе

Промовирани 15 нови изданија од едицијата ,,Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“ во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

На 28 јануари 2018 година, во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, беа промовирани 15 нови изданија од едицијата ,,Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“, во издание на Управата за заштита на културното наследство, со што се заокружува бројката од досега објавени 45 наслови од оваа … Прочитај повеќе

Промоција на 15 нови изданија од едицијата ,,Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“

На 28 февруари 2018 година со почеток во 12:00 часот во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, Управата за заштита на културното наследство ќе промовира 15 нови изданија од едицијата ,,Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“. На овој настан ќе бидат промовирани следните наслови на македонски … Прочитај повеќе

Промовиран дигитализираниот филмски опус на еден од основоположниците на македонската кинематографија Бранко Гапо во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

На 21 јануари 2018 година, во Кинотеката на Македонија во Скопје, беше презентиран и промовиран дигитализираниот филмски опус и ДВД-изданието на еден од доајените на македонската кинематографија, режисерот Бранко Гапо. Во рамките на македонската кинематографија, Бранко Гапо создава богат филмски опус со исклучително широк спектар на теми и хронотопи, достоинствено … Прочитај повеќе

Промоција и презентација на дигитално реставрираниот филмски опус на Бранко Гапо и ДВД издание

На 21 февруари 2018 година со почеток во 12:00 часот во Кинотеката на Македонија, Управата за заштита на културното наследство во соработка со Кинотеката на Македонија, матична институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, ќе го престави и промовира дигитално … Прочитај повеќе

Лансирање на Европската година на културното наследство 2018 во Македонија под мотото ,,Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“

На 31 јануари 2018 година, во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, беше презентирана и лансирана годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, изготвена од стручни лица во Управата за заштита на културното наследство. Со тоа, Република Македонија се придужи на семејството настани кои ќе … Прочитај повеќе

Во УНЕСКО впишани две нови нематеријални културни добра од Република Македонија

  На 12. состанок на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО-вата Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото, кој се одржа од 03 до 10 декември 2017 година на островот Чеју во Јужна Кореја, (Jeju, South Korea) се впишаа две нематеријални добра на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на … Прочитај повеќе

Европска година на културното наследство 2018

   Со Одлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година е прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа Европска иницијатива е да го промовира значењето на Европското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности. Под слоганот за Годината … Прочитај повеќе