Изготвена Нацрт-Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство и нејзин Акциски план

Управата за заштита на културното наследство, врз основа на член 49 од Законот за заштита на културното наследство („Службен весник на Република Македонија” бр. 20/04; 71/04; 115/07; 18/11; 148/11; 23/13; 137/13; 164/13; 38/14; 44/14; 199/14; 104/15; 154/15; 192/15, 39/16 и 11/18) изготви Нацрт Национална стратегија за заштита и користење на … Прочитај повеќе

IN MEMORIAM ЈОВАН РИСТОВ (1949 – 2018)

IN MEMORIAM ЈОВАН РИСТОВ (1949 – 2018) На 06.12.2018 година почина нашиот колега и првиот директор на Управата за заштита на културното наследство, Јован Ристов. Јован Ристов е роден на 25 октомври 1949 година во с. Дреново, Кавадарци. На Правниот факултет во Скопје дипломирал во 1972 година. Во 1975 година … Прочитај повеќе

Делегација од Управата за заштита на културното наследство присуствуваше на завршната конференција на Европската година на културното наследство 2018 #EuropeForCulture

На 6 и 7 декември 2018 год., во Виена, Австрија, во организација на Австриското претседателство со Советот на Европската Унија, се одржа конференцијата #EuropeForCulture како завршна конференција на Европската година на културното наследство 2018. На конференцијата присуствуваше делегација од Управата за заштита на културното наследство, предводена од директорката д-р Елеонора … Прочитај повеќе

Жална вест

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот колега Јован Ристов. Изразуваме сочуство до неговата фамилија со верба дека трајно ќе остане во нашето сеќавање како другар, пријател, колега и истакнат експерт во областа на правната заштита на културното наследство. На 10.12.2018 година во 11:00 часот, вo Музеј … Прочитај повеќе

Промоција на ,,Дигитални средини за дигитални културни вредности DIENDICURE“ во рамките на Европската година на културното наследство 2018

На 30 ноември 2018 година, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, се одржа промоција на проектот ,,Дигитални средини за дигитални културни вредности (DIENDICURE) – просторна ГИС базирана платформа за напредно ниво на менаџирање и анализа на податоците од централниот регистар на културното наследство“, организирана од страна на ЈНУ Институт за … Прочитај повеќе

Одбележување на 90 годишнината од основањето на музејот во Струга и делото на Д-р Никола Незлобински

Во рамките на одбележувањето  на неделата посветена на 90 годишнината од основањето на музејот во Струга од страна на Д-р Никола Незлобински, лекар ентузијаст,  кој покрај својата основна дејност лечењето ја основал и  природонаучната збирка која е во состав на Народниот музеј, се организираа повеќе настани. На настанот на 30.11.2018 … Прочитај повеќе

Завршен настан на овогодинешните Европски денови на културното наследство во Република Македонија

На 27 ноември 2018 година, во НУ Музеј на Македонија и во нивна организација, се одржа завршниот настан за одбележување на Европските денови на културното наследство во Република Македонија. Свечениот настан беше отворен од страна на директорката на Управата за заштита на културното наследство, д-р Елеонора Петрова – Митевска, која … Прочитај повеќе

Посета на локалитетот “Градиште“ во атарот на селото Младо Нагоричане

Во текот на месец ноември НУ Музеј Куманово изведува сондажни археолошки истражувања на просторот на локалитетот “Градиште“ во атарот на селото Младо Нагоричане, на околу 15 км. североисточно од Куманово. Од досегашните истражувања, кои се започнати пред повеќе години, на просторт на акрополата,откриени се градежни структури досега непознати во кумановската … Прочитај повеќе

Mеѓународен семинар на тема „Живо религиско наследство: партиципативно управување и одржлив развој“ во Киев – Украина

Од 30 октомври до 2 ноември 2018 година во Киев – Украина во организација на Министерството за култура и Национална институција за заштита на историските и културни вредности на Киев – Печерска лавра, а со поддршка на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, се одржа меѓународен семинар на тема „Живо … Прочитај повеќе