Остварена соработка со реномираната меѓународна организација за дигитализација на културното наследство CyArk од Соединетите Американски Држави

Управата за заштита на културното наследство преку Одделението за дигитализација на културното наследство, воспостави професионална соработка со реномираната меѓународна непрофитна организација CyArk од Соединетите Американски Држави, која делува во сферата на заштитата и документирањето на глобалното културно наследство. Во таа насока, од 25 до 30 октомври 2018 год. екипа на … Прочитај повеќе

Едукативни проекции на филмскиот опус на браќата Манаки – првите сниматели на Балканот, за ученици од средните училишта во рамките на Европската година на културното наследство 2018

Од 22 до 26 октомври 2018 година, во рамките на Годишната програма за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, а по повод 27 октомври, Светскиот ден на аудиовизуелно наследство на УНЕСКО, Управата за заштита на културното наследство организираше едукативни проекции на дигитално реставрираниот филмски опус на браќата Манаки, … Прочитај повеќе

Завршна церемонија по повод успешна реализација на проектот ,,Конзервација на крстилницата од Стоби“

На 24 октомври 2018 година,  на археолошкиот локалитет Стоби, се одржа заврша церемонија по повод успешната реализација на проектот ,,Конзервација на крстилницата од Стоби“, проект финансиран со грант од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на Соединетите Американски Држави, на која присуствуваше и делегација од Управата за заштита на … Прочитај повеќе

Римска некропола на локалитетот “Гробишта“ селото Раец

На локалитетот “Гробишта“ на потегот на месноста “К ’шла“ во атарот на селото Раец, кавадаречко на 17.10.2018 години претставници на Управата за заштита на културното наследство, беа во работна посета на локалитетот. На посетата присуствуваа, директорот на УЗКН д-р Елеонора Петрова – Митевска, националниот координатор за култура во Владата на … Прочитај повеќе

Промовиран зборник на трудови ,,Ѓурѓовден во Република Македонија“ во рамките на Европската година на културното наследство 2018

На 03.10.2018 година, во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше промовиран зборник на трудови „Ѓурѓовден во Република Македонија“, во издание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“  –  Скопје, како дел од Годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното … Прочитај повеќе

Меѓународна конференција ,,Валоризација на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново од XII век како културно наследство од посебно значење на патеката на културно наследство во 2018 година “ и иницијатива ,,Факел на културното наследство“ во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

На 28 септември 2018 година, во организација на Управата за заштита на културното наследство и Здружението за валоризација, популаризација и едукација за културното наследство ,,Македонида“, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, се одржа меѓународна конференција на тема ,,Валоризација на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново од XII век како културно наследство … Прочитај повеќе

УНЕСКО мисија за проценка на состојбите во системот за заштита на нематеријалното културно наследство, во посета на Република Македонија

На ден 05.09.2018 година во Управата за заштита на културното наследство се одржа работен состанок со мешовит тим на експерти ангажирани од УНЕСКО кои работат на проценка на состојбите и потребите на системот за зачувување на нематеријалното културно наследство во Република Македонија. Посетата на Мисијата, која е во надлежност на … Прочитај повеќе

г-дин Јакуп Харманда – заменик генерален директор на Дирекцијата за културни добра и музеи од Република Турција во посета на Управата за заштита на културното наследство

Заменик генералниот директор на Дирекцијата за културни добра и музеи при Министерството за култура и туризам на Република Турција, г-дин Јакуп Харманда со своите соработници, преставници на Турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје како и Главниот проектант на Проектот за конзервација и реставрација на Куршумли ан, г-ѓа Есин Кулели … Прочитај повеќе

Неповратно изгубено културното наследство од Националниот музеј на Бразил

Најстариот и најважниот историскo-научен музеј на Бразил на 02.09.2018 година изгоре во пожар и голем дел од неговата 20 милионска збирка на музејски предмети е уништена. Опожарувањето на 200 години стариот Национален музеј на Бразил преставува значаен губиток за бразилската наука, историја и култура, но и голема загуба за светската … Прочитај повеќе

Прес конференција за реализација на конзерваторско-реставраторските работи на античкиот театар во Скупи

Археолошкиот локалитет Скупи, се наоѓа во западниот дел од подножјето на Злокуќанското Кале во Општина Карпош, Скопје. Градот Скупи за време во 1 век бил населен со римски воени ветерани од 7-та Клавдиева,  4-та Македонска, како и од 4-та Скитска и 5-та Македонска легија и добил статус на колонија, највисок … Прочитај повеќе