Посета на археолошките истражувања кај раноантичката монументална гробница од македонски тип на локалитет Павла Чука, Старо Бонче

Во старата македонска област Пелагонија, меѓу прилепските села Подмол и Бонче, во подножјето на Селечка Планина, на локалитетот Павла Чука се наоѓа гробница од македонски тип, датирана на преминот од 4 во 3 век пред Хр. Според нејзината монументалност и автентичност се претпоставува дека во неа бил погребан пелагонски владетел. … Прочитај повеќе

Отпочнување на превентивните конзерваторските работи на фреските во црквата Св. Ѓорѓи, село Курбиново

Со финансиски средства обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија се започнаа активностите за превентивна конзервација на фреските на црквата Св. Ѓорѓи во село Курбиново кои потекнуваат до 1191 година. Со овие припремни работи ќе се овозможат понатамошни активности за целосна конзервација на архитектурата на црквата. На увид на козерваторските … Прочитај повеќе

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за објавениот повик од страна на УНЕСКО до државите-членки за поднесување на предлог – проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година

Националната комисија  за УНЕСКО  на Република Северна Македонија информира за објавениот повик од страна на УНЕСКО до државите–членки за поднесување на предлог – проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година. Секоја  држава-членка, преку својата Национална комисија за УНЕСКО,  може да поднесе до УНЕСКО најмногу до 7 … Прочитај повеќе

Приверемен прекин за оддржување средби со странкиво врска со преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус)

Согласно издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија во врска со преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) Управата за заштита на културното наследство ги известува странките дека од денес и во наредните 14 дена доставувањето и издавањето на документите … Прочитај повеќе

Семинар на канцеларијата на Креативна Европа – „Поддршка на Европската Унија за културна соработка на Западен Балкан“

На 5-ти и 6-ти февруари 2020 година во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје –  European House се одржа дводневен семинар на тема: „Поддршка на Европската Унија за културна соработка на Западен Балкан: Семинар за промоција и вмрежување“, на кој учествуваа  и претставници од Управата за заштита на … Прочитај повеќе

Делегација од Управата за заштита на културното наследство присуствуваше на Генералното собрание на државите потписнички на Конвенцијата за светско наследство на УНЕСКО во Париз

На 27 и 28 ноември 2019 год., во седиштето на УНЕСКО во Париз, се одржа 22. Сесија на Генералното собрание на земјите потписнички на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. На Генералното собрание, како дел од македонската делегација, присуствуваа директорот на Управата за заштита на … Прочитај повеќе

Објава за одржување на Јавни расправи за Нацрт Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. и за Стратешката оцена за влијанието врз животната средина

Управата за заштита на културното наследство ја известува заинтересираната јавност дека Министерството за животна средина и просторно планирање организира 3 јавни расправи за Нацрт Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. и за Стратешката оцена за влијанието врз животната средина на истиот. Јавните расправи ќе … Прочитај повеќе

Објава за достапност на Нацрт-Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година

На веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање се објавени следните документи: Нацрт-Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г., и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за План за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион 2019-2028 година. Наведените документи се … Прочитај повеќе

Промотивен настан за отпочунување со реализација на проектот “Конзервација и ревитализација на манастирот Св. Богородица Елеуса во с. Вељуса – Струмица”

На ден 27.09.2019 година во манастирот „Св. Богородица Милостива (Елеуса)“ во струмичкото село Вељуса, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, Хусни Исмаили го потпишаа Договорот за користење на грантот од амбасадорскиот фонд на САД, наменет за реализација на проектот Конзервација и ревитализација на манастирот … Прочитај повеќе

Одржани прес конференција и предавање во пресрет на казахстанската изложба ,,Велика степа: Историја и култура“

На 10 јули 2019 година, во Археолошкиот музеј во Скопје, се одржа прес конференција по повод отворањето на гостувачката изложба од Националниот музеј на Казахстан ,,Велика степа: Историја и култура“, која е во рамките на проектот ,,Процесија на златниот човек низ музеите ширум светот“. На прес конференцијата директорот на Археолошкиот … Прочитај повеќе