Промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис план за рехабилитација на недвижни културни добра-Прирачник за изработка и спроведување“ и одржана работилница во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

Денес, 8 јуни 2018 г. во Центарот за конференции и студии во НУУБ ,,Св.Климент Охридски“-Скопје, беше промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис планирање за рехабилитација на недвижни културни добра – Прирачник за изработка и спроведување“ во превод од српски јазик, а во издание на Управата за заштита на културното наследство. … Прочитај повеќе

Средба на министрите за култура на Македонија, Црна Гора и Албанија во Охрид на тема ,,Спроведување на акции и мерки според одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО“

На 6 јуни 2018 год., во Охрид, во рамки на регионалната платформа на министри за култура на Југоисточна Европа – КОМОКОСЕ, поддржана од УНЕСКО, се одржа заедничка средба на преставници од Министерствата за култура на Република Македонија, Црна Гора и Албанија со цел размена на заеднички искуства поврзани со спроведување … Прочитај повеќе

Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис”, во Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

На седницата одржана на 05.06.2018 година Владата на Република Македонија ja прогласи Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис”, во Битола за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Својството споменик на културата на Споменичката целина „Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис” е утврдено со Решение бр.1040 од 27.07.1950 година на централен завод Скопје … Прочитај повеќе

Промоција на книгата ,,Антологија на македонското црковно пеење“ од Јане Коџабашија во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

На 01.06.2018 год, во ЕУ Инфо-центарот во Скопје се одржа свечена промоција на книгата ,,Антологија на македонското црковно пеење“ од авторот, проф. д-р Јане Коџабашија, во рамките на Европската година на културното наследство 2018, а посветена на 60-годишнината од обновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква (1958-2018). Свечената промоција … Прочитај повеќе

Одбележување на стогодишнината од пробивот на Македонскиот фронт во Првата светска војна во рамките на Европската година на културното наследство 2018

Меморијата и сеќавањата сè понагласено се препознаваат и валоризираат како културно наследство во Европа, засновано на нивните историски, цивилизациски и општествени вредности. Во тој контекст, Управата за заштита на културното наследство одлучи во рамките на одбележувањето на Европската година на културното наследство 2018, да го одбележи сеќавањето на Првата светска … Прочитај повеќе

Отворена е постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ историјата“ во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица

  На Меѓународниот ден на музеите 18 мај, во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица беше отворена постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ историјата“. Постојаната поставка на Завод и Музеј – Струмица е поделена на археолошки, етнолошки, историски и оддел на историја на уметност, каде во … Прочитај повеќе

Отворење на изложба на уметнички дела од современата ликовна македонска уметност во Уметничката галерија – Безистен – Штип

Во рамките на одбележувањето  на 18 Мај меѓународниот ден на музеите , НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј -Штип на 17 мај, организираше изложба на уметнички дела од современата ликовна македонска уметност во Уметничката галерија – Безистен – Штип. Изложбата на тема „Современа уметност од светлина … Прочитај повеќе

Посета на министерот за култура и директорката на Управата за заштита на културното наследство на Куманово и најава за реставрација на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ

На 16ти мај 2018 година во Куманово се одржа средба на која присуствуваше директорката на Управата,  д-р Елеонора Петрова – Митевска, Министерот за култура, м-р Роберт Алаѓозовски и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, каде што беше најавен почетокот на зафатите за реставрација на Спомен костурницата на паднатите борци од … Прочитај повеќе

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Европска година на културното наследство 2018 Работилница Бизнис планирање за рехабилитација на недвижни културни добра Датум и место на одржување: 8 јуни 2018 год. / Центар за конференции и студии во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје. Организатор: Управа за заштита на културното наследство Опис Под слоганот Нашето наследство – Европска … Прочитај повеќе

Управата за заштита на културното наследство учествуваше на Tретата регионална експертска средба во Ерменија

Од 18 до 22 април 2018 година во Ереван – Ерменија се одржа Третата регионална експертска средба за одржливо управување со Светско наследство од религиски интерес фокусирана на Југоисточна Европа. На средбата која беше во организација на Министерството за култура на Ерменија, Центарот за Светско наследство на УНЕСКО и Националната … Прочитај повеќе