Неповратно изгубено културното наследство од Националниот музеј на Бразил

Најстариот и најважниот историскo-научен музеј на Бразил на 02.09.2018 година изгоре во пожар и голем дел од неговата 20 милионска збирка на музејски предмети е уништена. Опожарувањето на 200 години стариот Национален музеј на Бразил преставува значаен губиток за бразилската наука, историја и култура, но и голема загуба за светската … Прочитај повеќе

Работна средба со градоначалниците на општините Струга и Дебарца

Во просториите на општина Струга продолжи серијата на средби со градоначалниците на општините кои се наоѓаат во регионот на Охридското езеро кој е впишан на Листата на УНЕСКО како светско наследство. Членовите на Работната група за имплементирање на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Краков, Полска, 2017) и … Прочитај повеќе

Директорката на Управата за заштита на културното наследство д-р Елеонора Петрова Митевска во посета на археолошкиот локалитет Пилав Тепе, во с. Шопур, Штип

Директорката на Управата за заштита на културното наследство д-р Елеонора Петрова Митевска во придружба на м-р Зоран Павлов – Раководител на Сектор и м-р Билјана Јовановска овластен Раководител на Сектор во Управата на 17.08.2018 година беа во посета на археолошкиот локалитет Пилав Тепе, во с. Шопур, Штип, каде се работи на … Прочитај повеќе

Работна средба со градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски

Состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион како и Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со Препораките од Реактивната мисија на УНЕСКО беа повод за работна средба во просториите на општина Охрид на членови на Работната група за имплементирање на Препораките со градоначалникот на општина Охрид … Прочитај повеќе

Регионален курс,,Итни мерки за културно наследство во опасност 2018“

Од 4 до 15 јули 2018 година, во Ѓирокастро, Албанија, се одржа регионалниот курс ,,Итни мерки за културно наследство во опасност 2018” во организација на Регионалниот центар за конзервација и реставрација во Југоисточна Европа и Институтот за споменици на културата ,,Гани Стразимири“ на Република Албанија, а во соработка со Центарот … Прочитај повеќе

Работен состанок на директорот на Управата за заштита на културното наследство со директор на турскиот културен центар „Јунус Емре“ за заедничко решение за конзервација, санација и адаптација на објектот Куршумли Ан

На ден 12.07.2018 год. директорот на Управата за заштита на културно наследство д-р Елеонора Петрова – Митевска  оствари работен состанок со  директорот  на турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје д-р Шемсетин Шекер, со цел изнаоѓање заедничко решение за конзервација, санација и адаптација на објектот Куршумли Ан во  културен центар … Прочитај повеќе

Прес конференција за реализација на конзерваторско-реставраторските работи на античкиот театар во Скупи

Археолошкиот локалитет Скупи, се наоѓа во западниот дел од подножјето на Злокуќанското Кале во Општина Карпош, Скопје. Градот Скупи за време во 1 век бил населен со римски воени ветерани од 7-та Клавдиева,  4-та Македонска, како и од 4-та Скитска и 5-та Македонска легија и добил статус на колонија, највисок … Прочитај повеќе

Учество на 42та сесија на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО од 24 јуни до 4 јули 2018 година во Манама, Кралство Бахреин

Во периодот од 24 јуни до 4 јули 2018 година, во Манама, Бахреин, се одржа 42та сесија на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО.На сесијата беа разгледувани извештаите на советодавните тела на УНЕСКО за прашања поврзани со добрата кои се наоѓаат на Листата за Светско наследство на УНЕСКО, стратешки документи … Прочитај повеќе

Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит за културно наследство во Берлин, Германија, во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

Од 18 до 24 јуни 2018 год., во Берлин, Германија, во организација на Европа Ностра, Пруската фондација за културно наследство и Германскиот комитет за културно наследство, се одржа првиот Европски самит за културно наследство под мотото ,,Споделено наследство – споделени вредности“, како еден од клучните настани во рамките на Европската … Прочитај повеќе

Отворен ден со медиумите на локалитетот Плоча Миќов Град (Залив на коските) кај Градиште во Охрид, по повод отпочнување на нова археолошка кампања на подводни и дендрохронолошки истражувања во рамките на ,,Европската година на културното наследство 2018“

Денес, 13 јуни 2018г., Управата за заштита на културното наследство и Центарот за истражување на предисторијата – Скопје, остварија средба со медиумите на локалитетот Плоча Миќов Град (Залив на коските) кај Градиште во Охрид на која беше најавено отпочнување на нова археолошка кампања на подводни и дендрохронолошки истражувања на самиот … Прочитај повеќе