10та јубилејна археолошка изложба „Капитални проекти во археологијата на Република Македонија“

Во организација на Управата за заштита на културното наследство, во соработка со НУ Археолошкиот музеј на Македонија – Скопје, на 28.12.2016 година со почеток од 19 часот во НУ Археолошки музеј на Македонија ќе се отвори 10та јубилејна археолошка изложба „Капитални проекти во археологијата на Република Македонија“.

СЕ ИСТРАЖУВА НЕКРОПОЛА ОД АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО КРАЛСТВО

Објавено од: www.lokalno.mk Интензивно се вршат археолошки ископувања на локалитетот Долиште кај селото Прилепец, како капитален проект на Управата за заштита на културното наследство, бидејќи е утврдено дека некропола датира од периодот на античкото Македонско Кралство. Реализатори на проектот, под раководство на д-р Антонио Јакимовски, се Филозофскиот факултет при УКИМ … Прочитај повеќе

Направена е студија за идеална реконструкција на театарот во Скупи

Објавено од: www.vecer.mk Според проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на РМ, досега е конзервирана скената (сценската зграда), а се планира нејзино комплетно возобновување. Во моментов започнува конзервацијата на театронот… Со проектот “Антички театар – Скупи 2013 – 2017 година” досега се реализирани најголем дел … Прочитај повеќе

Македонското културно наследство е претставено во најпознатиот светски музеј „Лувр“

Објавено од: www.mkd.mk По успешното претставување во Италија, Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) продолжи да го претставува богатото македонско наследство во еден од најпознатите светски музеи „Лувр“, на престижниот Меѓународен саем за културно наследство во Париз, Франција, кој се одржува од 4 до 6 ноември оваа година. Од … Прочитај повеќе

Македонската археологија презентирана на Археолошката берза во Италија

Објавено од: www.republika.mk Управата за заштита на културното наследство трета година по ред ја претставува Македонија на Медитеранската берза за археолошки туризам во Пестум, близу Салерно во Италија, каде пред многубројна публика од цел свет го презентира домашното културно наследство. На 19–то издание на Медитеранската берза, која се отвори на … Прочитај повеќе

СКОПКО КАЛЕ: Завршија археолошките истражувања, откриени над 13.400 предмети

Објавено од: www.telegraf.mk Целосно е завршен и ревидиран проектот за урбанистичко уредување на Скопската тврдина Кале и се очекува Управата за заштита на културното наследство во следниот период да започне со тендерската постапка. Предвидени се голем број елементи како уредување на летна отворена сцена, сувенирници, места за одмор и друг … Прочитај повеќе

ЈАПОНЦИТЕ ПОКАЖАА ГОЛЕМ ИНТЕРЕС: Македонското културно наследство презентирано во Токио (ФОТО)

Објавено од: www.telegraf.mk Ова е прво претставување на Управата надвор од европскиот континент, меѓу стотици земји од цел свет и меѓу многубројна азиска публика која пројавува огромен интерес за Македонија Управата за заштита на културното наследство го презентира домашното културно наследство во јапонската престолнина Токио пред огромна публика во престижната … Прочитај повеќе

Тринаесет духовни добра прогласени за културно наследство

Ѓурѓовденските обичаи кај Македонците и кај етничките заедници во земјава, како кај Албанците, Ромите, Власите и Турците добија статус на културно наслество од особено значење Владата на Република Македонија донесе одлука за прогласување на тринаесет духовни културни добра за културно наследство од особено значење. Седум од нив имаат исклучително значење, … Прочитај повеќе

Реакција од Управата за заштита на културното наследство во врска со Извештајот од Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година

Почитуван господине Филе, Во врска со Извештајот од Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година и неупотребата на зборот „македонски“ при посочувањето на јазикот на мнозинскиот македонски народ кој живее во Република Македонија во наведениот документ, сакаме да Ви ги упатиме нашите забелешки од позиција на надлежна … Прочитај повеќе

Археолошкото богатство пред очите на јавноста

Повеќе од 3500 артефакти пронајдени изминатата година на македонските локалитети, се изложени на големата изложба „Археологија 2011“, која е отворена во Музејот на Македонија. На 18-те наоѓалишта, на кои се истражуваше во текот на 2011 година, археолозите открија дури 19000 археолошки пронајдоци, од кои пред широката публика се претставени само … Прочитај повеќе